Македонија Миле Бошњаковски од Влада заминува во кабинетот на Пендаровски

Миле Бошњаковски од Влада заминува во кабинетот на Пендаровски

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски ја напушта оваа позиција и ќе биде генерален секретар во кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Бошњаковски на денешната владина прес-конференција ја потврди информацијата што некои медиуми ја пласираа како можност во изминативе денови, а на новинарските прашања досега тој не сакаше ниту да ги потврди ниту да ги негира таквите пишувања. Денеска сепак го потврди тоа.

– Ми беше чест две години да соработувам со сите вас новинари, сниматели и фоторепортери. Се надевам дека соработката ќе продолжи во наредниот период во една друга форма – изјави денеска Бошњаковски, на својата последна прес конференција како владин портпарол.