Свет Балкан Милановиќ не размислува за оставка

Милановиќ не размислува за оставка

Премиерот на Хрватска и шеф на Социјалдемократската партија (СДП), Зоран Милановиќ, денеска одговори на повикот на новата претседателка на државата, Колинда Грабар-Китаровиќ, да поднесе оставка, велејќи дека Владата им одговара само на Саборот и на граѓаните.

– Владата им одговара на Саборот и на избирачите, граѓаните кои кога гласале, знаеле кого бираат. Знаеле кој ќе им биде премиер. Саборот е највисокото тело на власт во Хрватска, од него произлегува Владата, а јас сум премиер на таа влада – рече Милановиќ.

Аналитичарите велат дека новата претседателка излегла од уставните рамки, повикувајќи го премиерот да поднесе оставка. Според важечките хрватски прописи, само Саборот, со минимум 76 пратеници, може да побара оставка од премиерот.