Свет Европа Микл-Лајтнер: Австрија и Германија не можат сами да ја решат бегалската криза

Микл-Лајтнер: Австрија и Германија не можат сами да ја решат бегалската криза

Потребно е заедничко европско решение за бегалската криза затоа што Австрија и Германија не можат сами да ја решат, оцени денеска австриската министерка за внатрешни работи, Јоана Микл-Лајтнер, во обраќање пред федералниот парламент во Виена.

– Лани добивме повеќе од 89.000 барања за азил. Тоа е повеќе од сите други земји членки на ЕУ заедно. Австрија ја оправда својата хуманитарна традиција. Заедно со Шведска и со Германија, Австрија на свој грб презеде најголем дел од товарот – изјави министерката.

Микл-Лајтнер истакна дека Словенија и Хрватска минатата година заедно примиле само 500 барања за азил. Таа рече дека одредени земји членки на ЕУ биле принудени да преземат индивидуални мерки за спречување на бегалскиот прилив и оти тие биле воведени за да поттикнат постигнување заедничко европско решение за кризата.