Главна секција Мигрантите ја пробиле оградата кај Гевгелија, полицијата со солзавец се обидува да...

Мигрантите ја пробиле оградата кај Гевгелија, полицијата со солзавец се обидува да ги врати

Толпа мигранти, заглавени кај Идомени, утрово со импровизиран „овен“ успеале да ја пробијат жичената ограда на јужната граница и да влезат на македонската страна, пренесе „Би-би-си“.

Британскиот национален сервис јавува дека на видеоснимки од местото можат да се забележат мигранти како ја туркаат оградата и ја кинат бодливата жица, додека полицијата со солзавец се обидува да ги одврати од намерата и да ги врати назад.

Од МВР засега ниту ги потврдуваат ниту ги демантираат овие информации. Оттаму велат дека ги проверуваат информациите и повеќе детали најавија за подоцна.

Дел од оградата била урната со импровизирана направа за уривање  огради. Засега не се знае колку мигранти успеале да ја поминат оградата и да влезат во земјава.