Македонија Мигранти на грчко-македонската граница, во знак на револт, си ги зашија усните

Мигранти на грчко-македонската граница, во знак на револт, си ги зашија усните

Неколку беглаци од Иран, Курдистан и од Пакистан, кои чекаат на влез во Македонија, со игла и со конец ги зашија устите. На овој начин тие порачуваат дека не отстапуваат од намерите да отидат во некоја од земјите на ЕУ, јави „Телма“.

„Економските мигранти“ речиси цела недела не се пропуштаат бидејќи Македонија, Србија, Хрватска и Словенија ја спроведуваа селективноста на пропуштањето на бегалците, односно предност им се дава на бегалците што доаѓаат од земјите каде има војна.

Повеќе бегалски семејства, претежно со жени и со деца, се вратија во Атина, но доаѓаат нови бегалци и се подигаат уште шатори. Сепак, во моментов ситуацијата е мирна и е намален бројот на бегалци.