Свет Балкан Мигрант се самозапали на протестот во Идомени

Мигрант се самозапали на протестот во Идомени

Еден мигрант се запалил за време на протестот пред затворената грчко-македонска граница кај Идомени и однесен е во болница.

Грчката полиција наведува дека инцидентот се случил за време на протестот во големата шаторска населба во Идомени. Полицијата додала дека повредите што ги добил, веројатно не се опасни по живот.

Околу 12.000 мигранти и бегалци се наоѓаат во шаторите во Идомени, иако границите на земјите долж балканската рута кон Централна Европа се затворени, а грчката влада се обидува да ги пресели во околните засолништа што ги изгради војската.

Бегалците во кампот во Идомени организираат дневни протести откако минатата недела беше постигнат договор меѓу Европската Унија и Турција за драстично да се ограничи бројот на бегалците и на мигрантите кои стигнуваат во Европа.

Спогодбата ЕУ – Турција, според која бегалците кои преку Егејско Море ќе стигнат во Грција ќе бидат вратени во Турција, стапи на сила викендов.