Македонија Мицкоски: Злоупотребите и неправилностите ќе имаат спротивен ефект

Мицкоски: Злоупотребите и неправилностите ќе имаат спротивен ефект

Христијан Мицкоски, 31.10.2021 | Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ им честиташе на граѓаните што масовно излегуваат и ја изразуваат својата слободна волја на вториот круг на локалните избори.

„Од она кое што можам да го добијам како информација од терен е дека волјата и надежта за новата иднина се присутни кај народот во Македонија и тие практично со своето гласање масовно во утрината го покажуваат“, рече Мицкоски.

Тој рече дека забележал многу неправилности и злоупотреби изминатите денови, што за него претставува „недемократски и насилнички обид да се добие волјата на граѓаните“.

„Но, мислам дека сето тоа ќе има спротивен ефект и дека денеска ќе победи новата иднина, ќе победи надежта, ќе победат проектите, ќе победат промените“, рече Мицкоски.