Видео Метеор прелета над Швајцарија

Метеор прелета над Швајцарија

На небото над Швајцарија синоќа пролетал метеор, кој, по сè изгледа, согорел во атмосферата.

Очевидците тврдат дека околу 20.50 часот виделе зелено-бел метеор како лета над Швајцарија, а неколкумина успеале и да го снимат целиот настан.

Некои од очевидците велат дека слушнале гласна експлозија проследена со зеленикаво светло.

Полицијата во Цирих и во Берн примила повеќе повици од луѓе кои пријавувале дека гледаат светлечки објект на небото.
Според бројните сведочења, метеорот е виден и во Австрија и во јужните делови на Германија, јавува „Раша тудеј“.