Македонија Мета ги повика Албанците во Македонија да го поддржат референдумот

Мета ги повика Албанците во Македонија да го поддржат референдумот

Претседателот на Албанија, Илир Мета во интервју за „Албаниaн Дејли Њуз“, зборувајќи за Македонија истакна дека постигнатиот договор помеѓу Скопје и Атина за името, отвора нова перспектива кон членството на Македонија во НАТО и интеграцијата во ЕУ, како и директно придонесува за мирот, безбедноста и стабилноста во регионот.

– Верувам и истовремено ги повикувам сите Албанци од Македонија да учествуваат на референдумот на 30 септември и да гласат „за“ договорот, за отворање на ново поглавје, не само во интерес на интеграцијата на Македонија, туку и во корист на иднината на земјата – порача албанскиот претседател.