Дописници Месната индустрија побара продолжување на царинските олеснувања

Месната индустрија побара продолжување на царинските олеснувања

Во услови на економски пад, месната индустрија забележала пораст на извозот за 60 отсто, а производството се зголемило за 30 отсто. Ова се резултите на привремена мерка на Владата за ослободување од царина на дел од суровините, што се употребуваат во производството на месните преработки.

Постигнатиот резултат беше повод компаниите од месната индустрија денеска во Свети Николе, да му предадат ново барање на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Гоце Трајчев од фабриката „МИК“, рече дека не барале субвенции како земјоделците, ниту протекционизам.

– Бараме само изедначување на условите за работење како за странските конкуренти кои се со слични или вакви производи на нашиот пазар – рече Трајчев.