Видео Меси сруши нов рекорд со уште еден хет-трик

Меси сруши нов рекорд со уште еден хет-трик

На синојќешниот натпревар на Барселона со АПОЕЛ, Лионел Меси постигна хет-трик и го сруши рекордот на Раул за најмногу постигнати голови во Лигата на шампиони. Меси досега има постигнато 74 погодици и го надмина Раул кој имаше постигнато 71 гол. Ова за Меси беше петтиот хет-трик во Лигата на шампиони, што е истовремено уште еден рекорд затоа што никој нема постигнато повеќе од три. За време на викендот Меси, исто така, со хет-трик го сруши рекордот за најдобар стрелец во шанската Премиера, на натпреварот во кој Барселона славеше над Севилја со 5:1.
Во останатите натпреварувања од Лигата на шампиони, во групата Е, ЦСКА ја победи Рома со 1:1, а Манчестер сити славеше над Баерн Минхен со 3:2. Во групата Ф, Барселона го порази АПОЕЛ со 4:0, а ПСЖ го победи Ајакс со 3:1. Во групата Г, Челси славеше на гостувањето кај Шалке со 5:0, а Спортинг триумфираше на домашен терен портив Марибор. Во групата Х, Порто го победи БАТЕ со 3:0, а Шахтјор загуби од Атлетик Билбао со 0:1.

Видео од хет-трикот на Меси.