Спорт Меси е најдобар стрелец во шпанското првенство

Меси е најдобар стрелец во шпанското првенство

Меси постигна 253 погодоци во шпанското првенство

Аргентискиот фудбалер Лионел Меси се запиша во историјата како најдобар стрелец во шпанското првенство на сите времиња, со постигнати 253 гола, престигнувајќи го легендарниот Телмо Зара, кој има постигнато 251 погодок. Меси постигна хет-трик на натпреварот во кој Барселона славеше над Севилја со 5:1.
Освен на првото место на листата на најдобри стрелци во историјата на Примера, Меси ќе има можност да го собори и рекордот на Раул по бројот на постигнати погодици во Лигата на шампионите. Меси, на 5 ноември, на натпреварот против Ајакс, го постигна својот 71. гол и сега има ист број погодоци како и Раул. Првата можност за соборување и на тој рекорд, фудбалерот на Барселона ќе ја има утре, од 20.45 часот, на мечот со Апоел, натпревар од петтото коло на група Ф во Лигата на шампиони.

 

Видео од сите 253 гола на Меси во шпанското првенство.