Македонија „Месец на науката“ во Скопје

„Месец на науката“ во Скопје

Друштвото на физичарите на Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Друштвото на биолози, Македонското астрономско друштво, Македонското географско друштво, Скопското астрономско друштво, Природно-математичкиот факултет и „Скопје сити мол“ првпат заеднички ќе го организираат настанот „Ноември – месец на науката“ .

Во рамките на овој настан ќе се одржи и школата „Млади физичари“, каде учениците ќе се натпреваруваат во изработки, демонстрации и во експерименти. Ќе бидат организирани креативни детски работилници, а како дел од месецот на науката ќе можат да се проследат и предавања на разни теми од сите научни области од научници од Македонија, како и од гостите од странство.

Настанот ќе се одржува за време на викендите (4 и 5 ноември, 11 и 12 ноември, 18, 19 и 20 ноември 2016 година).