Свет Меркел: Примирјето во Украина не се применува целосно

Меркел: Примирјето во Украина не се применува целосно

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ситуацијата во Украина станала помирна во периодот по постигнувањето на договорот во Минск, но предупреди дека прекинот на огнот сè уште не е целосно применет.

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук, на заедничката прес-конференција со Ангела Меркел во Берлин, рече дека проруските сили, кои имаат поддршка од руските војници, продолжуваат да учествуваат во борбите, иако судирите се проретчени.

Според Јацењук, 75 украински војници загинале, а голем број се повредени по потпишувањето на мировниот договор од Минск, кој стапи на сила на 15 февруари.