Свет Европа Меркел повторно избрана за лидер на ХДУ

Меркел повторно избрана за лидер на ХДУ

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска, по осми пат, е избрана за претседателка на конзервативната Христијанско-демократка унија, која ја предводи од 2000 година.

Меркел го доби новиот двегодишен мандат со 96,72 отсто од гласовите.

Се очекуваше 60-годишната Меркел, која по потекло е од поранешната комунистичка Источна Германија, да забележи нов триумф на партискиот конгрес во Келн, бидејќи ужива огромна популарност во рамки на десницата, но и пошироко, меѓу своите сограѓани.