Свет Европа Меркел: Откажувањето на натпреварот е одговорна одлука

Меркел: Откажувањето на натпреварот е одговорна одлука

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја поддржа синоќешната одлука за откажување на фудбалскиот натпревар меѓу Германија и Холандија поради безбедносни причини.

– И јас, како и милиони навивачи, бев тажна поради откажаниот натпревар. Но, безбедносните претставници донеле одговорна одлука – рече Меркел во краткото обраќање пред новинарите.

Таа додала дека ова е „тешка одлука“, имајќи ги предвид „спротивставените приоритети, слободата и безбедноста“.

Разузнавачките служби располагале со конкретни индикации за безбедносни закани, поради кои е откажан фудбалскиот натпревар Германија – Холандија.