Свет Европа Меркел нема да ја менува политиката на отворени врати за бегалците

Меркел нема да ја менува политиката на отворени врати за бегалците

Германската канцеларката Ангела Меркел изјави дека Германија има полза од затворањето на балканската рута за мигрантите кои се движат кон ЕУ, но оцени дека тоа не е трајно решение.

Изјавата на Меркел доаѓа еден ден по лошите резултати на нејзината Христијанско демократска унија (ЦДУ) на изборите во три германски федерални покраини.

– Јасно е дека Германија има корист од затворањето, но од сликите од Грција можеме да видиме дека тоа не е трајно решение, рече Меркел.

Канцеларката изјави дека нема да ја менува својата политика на отворени врати кон бегалците, без разлика на одличните резултати за антиимигрантската партија Алетрантива за Греманија (АФД) на изборите.

Меркел смета дека проблемот со бегалците треба да се реши во рамки на заедничката европска политика и во соработка со Турција. Сепак, таа порача дека Анкара не треба да очекува членство во ЕУ само поради тоа што помага во решавањето на бегалската криза.