Свет Европа Меркел го поддржа предлогот на Турција за Сирија

Меркел го поддржа предлогот на Турција за Сирија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, го поддржа предлогот на Турција над делови од Сирија да се воспостави зона за забрана на летови. Таа наведе дека тоа ќе ја ублажи тешката ситуација во која се наоѓаат раселените Сиријци.

– Во моменталната ситуација би било добро да постои таква област на која ни една од страните нема да може да врши воздушни удари, односно да биде воспоставена зона за забрана на летови – рече Меркел во интервју за гераманскиот весник „Штутгартер цајтунг“.

Меркел признала дека е невозможно да се преговара со терористи од Исламска држава, но доколку е возможен договор за коалиција против сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите приврзаници, тоа би било добро.

Турција, која досега прифати околу 2 милиони сириски бегалци, предложи воспоставување на безбедносна зона во Сирија, каде бегалците би можеле да најдат засолниште.

Дипломатите на светските сили на преговорите во Минхен во петокот договорија „прекин на непријателството“ во Сирија во рок од една недела, што претставувва еден од низата обиди да се стави крај на петгодишниот конфликт во Сирија.