Свет Европа Меркел е задоволна од придонесот на Германија во борбата против исламистите

Меркел е задоволна од придонесот на Германија во борбата против исламистите

Придонесот на Германија во борбата против Исламската држава постигнува успех, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел, сугерирајќи на обуката на курдските сили во Ирак.

– Успеавме да дадеме своја поддршка со обука на војниците во Пешмерга, делови од градот повторно се освоени и луѓето можат да се вратат во своите домови – истакна Меркел.

Исламската држава, Меркел ја опиша како „голема закана“ и наведе дека германските војници и полицајци во странство ја чуваат безбедноста „надвор од Германија“.