Свет Европа Меркел: Договорот со Турција е во наш интерес

Меркел: Договорот со Турција е во наш интерес

Германската канцеларка Ангела Меркел и понатаму се заложува за договорот кој Европската Унија го постигна со Турција за бегалската криза.

– Договорот е во наш заеднички интерес – рече Ангела Меркел во Бундестагот за време на генералната дебата за буџетот за 2017 година.

Меркел изјави дека во изминатата година Германија напредувала во згрижување на стотина илјади мигранти, кои пристигнале во земјата во 2015 година, но дека останува уште многу да се направи.

Во обраќањето пред парламентот, таа изјави дека нејзината влада ги забрзала мерките за интеграција на мигрантите, ги зголемила школските фондови за да им помогне во нивното образование и соработувала со градовите за пронаоѓање решенија за локалните проблеми.