Свет Европа Меркел до бегалците: Научете го јазикот и создавајте контакти

Меркел до бегалците: Научете го јазикот и создавајте контакти

Германската канцеларка, Ангела Меркел, ги охрабри бегалците кои пристигнуваат во Германија, да го научат јазикот и да создадат нови контакти.

Во денешното видеообраќање, Меркел рече дека жените што доаѓаат во Европа, често преживеале ужасни нешта и се трауматизирани.

Таа рече дека освен да се обидат да го надминат тоа, може само да ги посоветува да го научат јазикот, да не се срамат да учат заедно со своите деца, кои, можеби, ќе зборуваат подобро германски, бидејќи одат на училиште.