Свет Европа Меркел: Балканците се вратија дома, ќе се вратат и Сиријците

Меркел: Балканците се вратија дома, ќе се вратат и Сиријците

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека барателите на азил од Сирија и од Ирак ќе се вратат во своите земји кога таму ќе завршат воените конфликти.

Како што рече, 70 отсто од тие што од Балканот во деведесеттите години на минатиот век побегнале во Германија, се вратиле дома.

И покрај напорите бегалците да се интегрираат и да им се понуди помош, важно е, како што рече Меркел, да се нагласи дека ним им се дава само дозвола за престој на одредено време.

– Треба да им кажеме на луѓето дека станува збор за привремен резеденцијален статус и дека очекуваме кога повторно ќе завладее мир во Сирија и кога Исламска држава ќе биде поразена во Ирак, да се вратат во своите родни земји – рече Меркел.

Таа, меѓу другото, рече дека од планираното заострување на законите за азил, очекува значително да се намали бројот на бегалците, како и дека неопходно е европско решение за бегалската криза.