Македонија МЕПСО: Целата мрежа е функционална

МЕПСО: Целата мрежа е функционална

Целосно функционална е преносната мрежа со која управува и оперира МЕПСО и сите точки на прием на дистрибутивниот систем-оператор се снабдени со електрична енергија и се под напон, велат оттаму.

„Националниот електропреносен систем функционира оптимално и сите повеќе од 50 трансформаторски станици приклучени на преносната мрежа се под напон и се снабдуваат со електрична енергија“, велат од МЕПСО.