Економија МЕПСО го стави под напон новиот 110-киловолтен далекувод помеѓу Скопје и Тетово

МЕПСО го стави под напон новиот 110-киловолтен далекувод помеѓу Скопје и Тетово

МЕПСО го изгради и денеска го стави под напон, во пробна работа, новиот 110-киловолтен далекувод што ги поврзува трансформаторските станици Скопје 1 – Југохром -Теарце – Тетово 1.

Oвој проект ќе овозможи стабилно и доверливо снабдување со електрична енергија на Тетовскиот и на Скопскиот Регион, две најголеми консумни подрачја во електроенергетскиот систем на Република Македонија.

– Новиот далекувод е изграден за да се одговори на сè поголемите потреби за потрошувачка на електрична енергија на Полошкиот Регион и да се обезбеди стабилно и доверливо снабдување на сите потрошувачи со квалитетна електрична енергија за среднорочен период во идните дваесетина години – истакна генералниот директор на МЕПСО, Синиша Спасов.

Оваа инвестиција на МЕПСО чини повеќе од 3,5 милиони евра. Проектот е финансиран од сопствени средства на МЕПСО и со кредитна линија од Светска банка.

Изградбата на далекуводот траеше една година.