Свет Мекдад: Турција ги поттикнува бегалците да одат на Запад

Мекдад: Турција ги поттикнува бегалците да одат на Запад

Заменик-министерот за внатрешни работи на Сирија, Фаисал Мекдад, изјави дека сириската влада не може да се скрие пред одговорноста за ситуацијата во земјата и настанатата бегалска криза, но додаде дека Турција, која вдоми голем број бегалци, ги поттикнува бегалците да одат на Запад.

– Ги повикуваме сите Сиријци да се вратат во земјата затоа што тоа е единственото вистинско место за нивната егзистенција – порача Мекдад.