Македонија Медиумските организации го поднесоа предлогот на Ванхауте во Собрание

Медиумските организации го поднесоа предлогот на Ванхауте во Собрание

Петте новинарски и медиумски организации, ЗНМ, ССНМ, СЕМ, МИМ и ИКC денеска во Собранието го доставија предлогот на европскиот медијатор Питер Ванхауте за итна измена и дополнување на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги.

-Иницијативата ја поднесуваме до сите пратеници на Собранието со цел да продолжи дебатата за медиумските реформи откако пропаднаа разговорите меѓу потписниците на Договорот од Пржино. Очекуваме за иницијативата да се разговара темелно и транспарентно со вклученост на сите медиумски организации за да дојдеме до најдоброто можно решение – велат од медиумските организации.

Огранизациите велат дека очекуваат поддршка од сите пратеници, а претседателот на Собранието итно да закаже седница на која ќе се расправа за ова прашање.