Свет Маж во Москва се заканил дека ќе ја запали синагогата

Маж во Москва се заканил дека ќе ја запали синагогата

Најмалку едно лице е тешко повредено од огнено оружје откако вооружен напаѓач отворил оган пред синагога во центарот на Москва, Русија.

Како што јавуваат руските медиуми, вооружениот маж се заканувал дека ќе ја запали синагогата, а со себе, освен пиштол, носел и канистер бензин.

Еден член од обезбедувањето на синагогата е повреден во обид да го спречи напаѓачот да влезе во зградата.

Тој е хоспитализиран и е во критична состојба, откако бил погоден во главата и во градите.