Македонија Маж со нож ја избодел партнерката, ОЈО го гони за обид за...

Маж со нож ја избодел партнерката, ОЈО го гони за обид за убиство

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице

Image by Nino Carè from Pixabay

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе истражна постапка против едно лице за  кривичното дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, информираат од ОЈО.

„На 15 ноември, осомничениот при вршење семејно насилство, се обидел да ја лиши од живот неговата вонбрачна партнерка. По кратка вербална расправија, тој зел нож со кој и се заканил дека ќе ја убие. На тоа, оштетената заедно со детето тргнала да бега кон домот на нејзините родители во близина, но осомничениот ја стигнал пред влезната врата на нивниот дом и и нанел повеќе убоди со ножот во пределот на грбот и вратот“, стои во соопштението на ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и можност да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело.