Свет Балкан Маж се разнесе со експлозив во слаткарница во центарот на Белград

Маж се разнесе со експлозив во слаткарница во центарот на Белград

Денеска, околу 12.30 часот, маж на 50-годишна возраст се разнел со експлозив во слаткарница во центарот на Белград. Во инцидентот нема повредени.

Според неофицијалните информации што ги објавија српските медиуми, самоубиецот влегол во слаткарницата „Петковиќ“, лоцирана на аголот од улиците Таковска и Илија Гарашанин, ги истерал гостите надвор и на вработените во слаткарницата им ја покажал бомбата што ја носел во својот ранец.

Кога сите излегле надвор, тој легнал врз бомбата и ја активирал.