Свет Европа Маскирани лица отворија оган врз полицијата во Марсеј

Маскирани лица отворија оган врз полицијата во Марсеј

Група маскирани лица вооружени со пушки клашников наводно отвориле оган врз полицијата во јужниот француски град Марсеј.

Нападот се случува за време на посетата на премиерот Маниуел Валс на Марсеј.

Елитните полициски сили веднаш се распоредени на местото на пукањето во медитеранскиот крајбрежен град.

Весник „Фигаро“ наведува дека не станува збор за нов терористички напад, туку за пресметка со нарко мафијата.

Француските медиуми јавуваат дека Валс, за време на нападот не бил во градот. Се очекува премиерот да пристигне во Марсеј во попладневните часови.

Безбедноста во Франција сè уште претставува проблем по минатомесечните напади на исламистите, кои извршија масакр во сатиричниот весник „Шарли ебдо“ и држеа заложници во супермаркет за кошер-производи.