Македонија МАНУ: Надминувањето на кризата е должност и одговорност на политичарите

МАНУ: Надминувањето на кризата е должност и одговорност на политичарите

Македонската академија на науките и уметностите e крајно загрижена од продлабочувањето на кризата во земјава. Од Академијата сметаат дека политичката криза се заканува да ги оживее сеништата на историските делби од минатото.

„Надминувањето на кризата е, пред сè, е должност и одговорност на политичките и на другите фактори, кои своите ставови и определби треба да ги артикулираат низ дијалог и во соработка со соодветните европски и меѓународни институции. МАНУ смета дека на Република Македонија најмногу ќе ѝ се помогне ако Европската комисија и другите европски институции ги забрзаат процесите на нејзините евроатлански интеграции, со што поскоро отворање преговори за членство во ЕУ и за прием во НАТО“, стои во соопштението на МАНУ.