Забава Ману Чао на петтото издание на „Д фестивал“ во Дојран

Ману Чао на петтото издание на „Д фестивал“ во Дојран

Ману Чао ќе го затвори јубилејното, петто издание на „Д фестивал“ во Дојран. Настапот на Ману Чао е најавен за недела, на 19 јули.

Во Дојран доаѓа со својата „Ла вентура“, која ја сочинуваат уште и гитаристот Маџид, басистот Гамбит и тапанарот Гарбансито. Ману минатата година одржа низа настапи на најголемите светски фестивали, како што се „Роскилде“ и „Вудсток“, годинава ги предводи најзвучните фестивали во Европа, а неодамна одржа и неколку стадионски настапи во Аргентина и во Колумбија!