Дописници Манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца почнува утре

Манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца почнува утре

Културно-забавната манифестација „На зајдисонце“, ќе се одржи по четврти пат во Трпејца, а почнува утре и ќе трае до 28 јули.

На свеченото отворање на летната сцена „Кај бунарот“, во 20.30 часот, ќе биде отворенa ликовна изложба на дела од академскиот уметник графичар Павел Целкоски, чии родители потекнуваат од Трпејца.

Меѓу другите активности, традиционално ќе настапи ансамблот „Билјана“ од Охрид.

Ќе се одржат и школи за пливање, шах, цртање и за англиски јазик. Пред посетителите ќе биде прикажан документарниот филм „Тајните на Охридското Езеро“, а ќе биде промовиран и романот „Митуш“.

Организатор на манифестацијата е Здружението „За Трпејца со љубов“, со поддршка на месната заедница и на црковниот одбор.