Македонија Малолетник украл пари од турист од Сингапур во скопската чаршија

Малолетник украл пари од турист од Сингапур во скопската чаршија

Според пријавеното, малолетникот околу 15.30 часот во старата Скопска чаршија му одзел пари на турист од Сингапур, а одземените пари се пронајдени кај него и вратени на сопственикот, се наведува во дневниот билтен на МВР

Фото: Архива на Мета.мк

16-годишен малолетник вчера ограбил турист од Сингапур во Старата скопска чаршија, а откако бил фатен од полицијата против него ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 26.10.2023 во 16.25 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар при СВР Скопје е лишен од слобода 16-годишник од Скопје. Според пријавеното, малолетникот околу 15.30 часот во старата Скопска чаршија му одзел пари на турист од Сингапур, а одземените пари се пронајдени кај него и вратени на сопственикот“, се наведува во дневниот билтен на МВР.

По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, казнива по чл.236 ст.1 т.3 од Кривичниот законик, а против Д.Ј., мајка на малолетникот ќе биде поднесена кривична пријава „запуштање и малтретирање на малолетно дете“ казниво по чл.201 од Кривичниот законик“.