Хроника Малолетник осомничен за фалсификување пари

Малолетник осомничен за фалсификување пари

Гостиварската полиција поднела кривична пријава против 17-годишно момче од селото Дебреше, осомничено за фалсификување пари, информираа од МВР.

Според полицијата, кон средината на ноември мината година, во паркот од општинската зграда, извршиле преглед над осомничениот и пронашле фалсификувана банкнота во апоени од 500 евра.