Македонија Мали „мајки терези“ собирале пари за децата од поплавените подрачја!

Мали „мајки терези“ собирале пари за децата од поплавените подрачја!

Мали деца од општината Аеродром облечени како Мајка Тереза собирале пари за училишен прибор за децата од поплавените подрачја во Скопје.

Настанот се одржал пред Спомен куќата на Мајка Тереза, по повод нејзиното прогласување за светица, како и по повод Светскиот ден на милосрдието.

На фотографиите кои Општината Аеродром денеска ги објави на својата интернет страница се гледа дека децата и воспитувачките се облечени како Мајка Тереза, наредени во круг, а пред нив бела лента на која граѓаните оставале ситни пари.

Овие фотографии на социјалните мрежи предизвикаа низа реакции.