Економија Максим Ацевски е избран за главен државен ревизор

Максим Ацевски е избран за главен државен ревизор

Собранието на денешната седница го избра Максим Ацевски за главен државен ревизор, на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Одлуката за изборот на Ацевски беше донесена едногласно со 81 глас „за“.

По изборот главниот државен ревизор положи свечена заклетва пред Собранието.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дадоа поддршка на неговиот избор, бидејќи,т како што рече Лилјана Кузмановска, тој доаѓа од редот на ревизорите.

Кон крајот на 2017 година истече мандатот на Тања Таневска, а во изминативе неполни две години со ДЗР раководеше заменикот на главниот државен ревизор, Насер Адеми, но неговиот мандат во траење од 9 години, истече на 4 октомври, без да биде назначен овластен потписник. Поради ова фунционирањето на институцијата беше доведено во прашање.

Собранието денеска, исто така, го именуваше Крсте Шајновски за претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.

За предлогот не гласаше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека со неговите активности покажал дека е партиски кадар на СДСМ, а не професионалец.