Македонија Макрадули: Дел од актуелните мерки мора да станат наше секојдневие

Макрадули: Дел од актуелните мерки мора да станат наше секојдневие

Пост-ковид периодот треба да има три клучни компоненти; зајакнување на јавното здравство, економско опоравување и справување со климатските промени, напиша на својот Фејсбук профил, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, по вчерашната видео средба во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје и Еко-свест, Центарот за истражување и информирање за животна средина.

„Дел од мерките за време на пандемијата со КОВИД-19, мора да станат дел од нашето секојдневие. Секој петок може да се работи од дома, средата да биде ден без автомобили, а еднаш неделно да се учи преку електронските образовни платформи“, вели Макрадули.

Дополнително, како што пишува тој, во краток период треба да се прогласат повеќе подрачја и видови за заштитени. Воедно, природата да се пренесе во урбаните центри преку Nature-Based Solutions, а транспортот преку smart mobility.

„Во новата “нормалност” мора да влеземе со повеќе солидарност, каде што секој ден ќе биде Ден на планетата Земја“ – се вели во објавата на Макрадули.