Економија „Макпетрол“ нема да увезува и испорачува природен гас до потрошувачите од Нова...

„Макпетрол“ нема да увезува и испорачува природен гас до потрошувачите од Нова година

Фото: Makpetrol.com.mk

„Макпетрол“ АД Скопје денеска соопшти дека од 1 јануари, повеќе нема да увезува и да им испорачува природен гас на неговите потрошувачи.

Од „Макпетрол“ велат дека причина за ваквата одлука што наводно, според новиот Договор за интерконекција помеѓу државното претпријатие „ГА-МА“ АД и „Булгартрансгас“ од Бугарија, повеќе не постоеле услови Макпетрол да увезува и да испорачува гас според досегашните норми.

Од компанијата велат дека ситуацијата е отежната од тоа што „по 5 (пет) години од донесувањето на Законот за енергетика сè уште нема сертифициран Оператор на системот за пренос на природен гас, кој е должен да ги донесе потребните подзаконски акти“.

Истовремено, Макпетрол соопшти дека е побарано од „ГА-МА“ да обезбеди согласност од „Булгартрансгас“ да продолжи со работа според старите услови, заклучно со 30 септември 2023 година, за да има време да се донесат подзаконските акти и за да може компанијата да се усогласи со нив и да продолжи со својата работа со гасот.