Македонија „Макпетрол“: Кривичната пријава на МВР е тенденциозна

„Макпетрол“: Кривичната пријава на МВР е тенденциозна

„Целата постапка е извршена според законските прописи и легално и нема ниту една повреда на законот“, се вели во известувањето на „Макпетрол“, што го пренесува „Телма“, а во врска со кривичната пријава што МВР денеска ја поднесе против претседателот на управниот одбор на фирмата и уште 20 лица, членови на управниот и на надзорниот одбор, но и одговорни лица во државни институции кои се товарат за злоупотерба на службената положба и овластувања.

„Целата постапка е извршена според законските прописи и легално и нема ниту една повреда на законот. Претпоставка е дека актуелната кривична пријава на МВР е тенденциозна и дека е поднесена поради загубен судски спор во кој се утврди незаконско оданочување на водечките луѓе од „Макпетрол“. Со последната судска пресуда, Упрвата за јавни приходи (УЈП) е должна да ги врати парите за незаконскко оданочување“, се вели во известувањето од „Макпетрол“.