Македонија Македонците со најмали шанси за азил во Европа

Македонците со најмали шанси за азил во Европа

Македонците се втори најбројни баратели на азил во Европска Унија, но истовремено се и со најмала стапка на прифаќање, која едвај изнесува еден отсто. Според последниот надзор на Европската комисија врз укинувањето на визниот режим за земјите од Западниот Балкан, барањата за азил од Македонија имаат најмала стапка на прифаќање во целиот регион.

Според статистичките податоци од ЕУ, 21 процент од вкупните барања за азил во првите девет месеци од 2014 година дошле од Македонија.

Со најголема шанса да бидат прифатени како азиланти во ЕУ се Албанците, Босанците, Црногорците, Србите и, на крај, Македонците. Најбројни баратели на азил во ЕУ се српските државјани, а најретки се црногорските.

Германија останува „омилена“ дестинација за емигрантите од Балканот. Меѓу 2009 и 2014 година, бројката на азиланти се зголемила од 12 проценти на 75 проценти.

Надзорот покажува дека мерките за спречување на „лажни азиланти“ во ЕУ не се доволни, изјави комесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос.