Македонија Македонски војници заминаа за Авганистан

Македонски војници заминаа за Авганистан

Дваесет припадници на АРМ кои треба да бидат дел од мисијата „Одлучна поддршка“ денеска заминаа во Авганистан.

Во мисијата „Одлучна поддршка“ македонските мировници ќе ја обезбедуваат командата на мисијата, задача која и досега ја извршуваа припадници на АРМ во рамките на мисијата ИСАФ.

На испраќањето присуствувааа и министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и началникот на Генералштабот на Армијата, Горанчо Котевски.