Спорт Македонските ракометари се подготвуваат за Светското првенство во Катар

Македонските ракометари се подготвуваат за Светското првенство во Катар

Македонските ракометни репрезентативци денеска продолжуваат со подготовките за Светското првенство, кое ќе се одигра во Катар, од 15 јануари. Тие во Скопје ќе тренираат до 7 јануари, а следниот ден ќе заминат на турнир во Нант, Франција, каде што ќе настапат и селекциите на домаќинот, Алжир и на Аргентина.  По завршувањето на овој турнир, македонскиот тим заминува во Доха и тоа три дена пред почетокот на првенството.