Спорт Македонските ракометари подобри од Иран

Македонските ракометари подобри од Иран

Македонската машка ракометна репрезентација ја совлада селекцијата на Иран со 33:31, во својот втор натпревар на Светското првенство во Катар.

Македонските ракометари имаа водство во поголемиот дел од натпреварот, а на полувреме заминаа со предност од два гола (19:17).

Македонија има две победи во исто толку натпревари откако вчера ја совлада репрезантицијата на Тунис со 33:25.

Наредниот меч од групата, македонските ракометари го играат в понеделник (19 јануари), против селекцијата на Босна и Херцеговина.