Култура Македонски виолинист ќе ја претставува Европа на натпревар во Јапонија

Македонски виолинист ќе ја претставува Европа на натпревар во Јапонија

Македонскиот виолинист Александар Иванов (16 години), на аудиција беше избран како единствен кандидат од цела Европа за да учествува на еден од најголемите светски натпревари за виолинисти во Осака, во октомври. Со овој избор и со неговиот настап во Јапонија тој ќе ја претставува Европа.

Иванов, иако е на средношколска возраст, сепак е најмладиот студент на Конзерваториумот „Рихард Вагнер“ во Виена, Австрија, во класата на професор Игор Петрушевски, кој предавал и на Кралската академија во Лондон.

На овој конзерваториум студираат исклучителни таленти од целиот свет.

„Успеав да се вклопам многу добро во австриската престолнина и на самиот конзераториум. Средина каде се цени врвната професионалност“, вели Иванов.

Инаку, Александар е најмладиот добитник на наградата „Виртуози“ во 2015 година, манифестација што ја организираат Македонската опера и балет, Македонската филхармонија и Сојузот на композитори на Македонија.