Македонија „Македонски телеком“ прави сè за поголема соработката со СЈО, вели Елснер

„Македонски телеком“ прави сè за поголема соработката со СЈО, вели Елснер

„Македонски телеком“ ќе направи сè што е во негова моќ за да се зголеми соработката со Специјалното јавно обвинителство, изјави денеска главниот извршен директор на компанијата, Андреас Елснер, додавајќи дека веќе имале состаноци со СЈО.

– Можам да ве уверам дека како компанија на „Дојче телеком“, која ги спроведува политиките на „Дојче телеком“ и на „Маѓар телеком“ и законите во земјата, правиме сè да соработуваме со властите во земјата. Имавме состаноци со Јавното обвинителство, односно со СЈО и правиме сè што можеме за да ја зголемиме соработката затоа што нашиот интерес е чисто деловен. Почнавме оваа година и ќе продолжиме да соработуваме во истата насока – изјави Елснер, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција организирана по повод надградување на 4Г-мрежата на мобилниот оператор со нова технологија.