Економија Македонски производи ќе се промовираат во Тирана

Македонски производи ќе се промовираат во Тирана

Сирењата од Мавровско-Реканскиот Регион, мед, слатко од диви смокви, вино „станушина“ и буковска пипер, се петте производи со кои Македонија ќе се претстави на манифестацијата „Тера мадре Балкан 2016“, од денеска до 5 јуни во Тирана, Албанија.

Покрај презентација на специфична органска храна од сите земји во регионот, на настанот ќе се дискутира и на повеќе теми поврзани со храната.

Во македонската делегација од 33 претставници, 10 се производители, а на едукативните работилници за вкус и за нутриција ќе учествуваат и ученици од средното училиште „Лазар Танев.“

Настанот на едно место ќе обедини 350 делегати од 12 земји.