Култура Македонски автори на балканска стрип-смотра во Лесковац

Македонски автори на балканска стрип-смотра во Лесковац

Традиционалната 17. Балканска смотра на млади стрип-автори ќе се одржи од 26 до 28 јуни во Лесковац.

Освен со масовноста во учеството на отворениот награден конкурс, (1.709 автори од 37 земји), реномето на смотрата се потврдува и со личното присуство на афирмирани стрип-автори од многу земји. Како и секоја година досега, масовно е присуството на македонската стрип-сцена во сите сегменти на оваа смотра.

Организатори се Лесковачкиот културен центар и училиштето за стрип „Никола Митровиќ-Кокан“од Лесковац.