Спорт Македонија во борба за првото место во групата, денеска игра против Хрватска

Македонија во борба за првото место во групата, денеска игра против Хрватска

Попладнево, во 17 часот по македонско време, на Мундијалот во Катар ракометната репрезентацијата на Македонија игра со Хрватска во борба за првото место во групата.

Поради труење од сладолед, пак, вчера во болница заврши Немања Прибак, а според доктор Никола Панчевски, по добиената инфузија неговата состојбата е стабилизирана. Денеска ќе се знае дали тој ќе настапи на денешниот натпревар.

Против Хрватска, ракометарите имаат одиграно само три официјални натпревари, во кои забележаа една победа и два порази.