Македонија Македонија сè уште дума што официјално да каже за изјавата на Рама...

Македонија сè уште дума што официјално да каже за изјавата на Рама за НАТО

Државните институции задолжени за надворешната политика на Македонија сè уште немаат став за изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, кој најави можно вето за влез на Македонија во НАТО.

Во МНР и вчера и денеска велат дека во тек се консултации и анализа на изјавата на Рама. Без одговор на нашето прашање за коментир на изјавите на албанскиот премиер за вето на Македонија за влез во НАТО, се и од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. Тие велат дека ако има некоја рекација, навреме ќе бидеме известени.

Од АРМ, вчера за „Мета“ изјавија дека тоа е политичко прашање и за одговор нè препратија кај политичарите.

– Ние не сакаме да коментираме политичари. Само сакам да нагласам дека АРМ ги има постигнато стандардите за влез во НАТО. И самиот пристап во оваа организација е политичка одлука, а сè што се барало од нас како Армија е исполнето – ни изјави полковник Мирче Ѓоргоски, портпарол на Генералштабот на АРМ.

Албанскиот премиер, Еди Рама, на регионалната министерска средба за борба против тероризмот, вчера изјави дека Македонија треба да влезе во НАТО, но не безусловно или поради воени судири.

– Македонија не може да стане членка на НАТО без гаранција на Охридскиот рамковен договор – рекол Рама.

Ова е трета закана за вето за приемот на Македонија во Алијансата, по онаа на Грција поради името и на Бугарија поради договорот за добрососедство.